За љубителите на книгите, нудиме неколку убави фотографии…Всушност, Ви ја откриваме најголемата книга во светот. Особено е значењето за литературата во современото, но и традиционалното општество. Релевантната книга, секогаш била популаризирана, а ова џиновско издание само потврдува дека пишаниот збор нема одредени димензии…
Кралот Миндон во Бурма во местото Менделеј ги има поставено темелите на најголемата книга во светот која опфаќа неверојатни 730 листови, односно 1640 страници. Секоја од нив специјално е изработена од локален квалитетен мермер…И тоа не е се…Замислете, оваа книга е висока 4 метри, а чудо е со каква прецизност се изработени тенките страници.Истата, разработува приказна за повеќе древни кралства, а истата е заштитена со огромни ѕидови. Конечното издание е публикувано во 1968 година, со што скапоценоста на ова литературно издание се вреднува со по еден дијамант на секоја страница. Сепак кон крајот на 19 век дијамантите биле украдени по што следува период на реставрација. Како и да е, до ден денес ова атрактивно издание привлекува огромен број туристи од целиот свет…
Љубители на пишаниот збор, убаво би било да ја посетите Бурма.