Убавина

Храна која го уништува целулитот

Целулитот не секогаш е поврзан со прекумерната телесна тежина, туку на него, пред се, влијаат женските хормони кои може да се регулираат преку правилна исхрана. Со исфрлање на штетната храна може навистина многу да влијаете на елиминирање на целулитот. За најдобри резултати потребно е да конзумирате:

Јод: Ја потикнува размената на материи и го забрзува согорувањето на маснотии, па затоа јадете храна богата со јод, како на пример риба.

Железо: Ги снабдува ќелиите со потребниот кислород за согорување на мастите, а го има во зелката, спанаќот, доматите, морските плодови и џигерот.

Магнезиум: Минерал кој дава енергија. Го има во зелената салата, бананите, оревите. Една банана на ден ја обезбедува потребната дневна количина. Најмногу штити од грчеви кои се појавуваат додека спортувате.

Витамин Ц: Го има во звежото овошје, особено во цитрусното, зелката, боровницата, а помага при намалување на целулитот.

Јаболков оцет: Само една лажица јаболков оцет разредена со вода е доволна за двојно да се забрза метаболизмот и да се „разбуди“ ткивото, а со тоа и да се влијае врз целулитот.

Незаситени масти: Тие едноставно ја извлекуваат маста од клетките, а освен тоа го намалуваат и нивото на лошиот холестерол. Потребната дневна доза е 25 гр. Го намалуваат ризикот од воспаленија и алергии.

Напиши коментар