Убавина

Храна која ја спречува појавата на брчки

Голем број на луѓе се ужаснуваат само од спомнувањето на овој збор. За жал сеуште не е пронајден еликсир на младоста. Постојат многу трикови и совети, но нешто што ќе ја спречи целосно појавата на брчки не е пронајдено.

Но за да ја спречите појавата треба да почнете со време, како превентива. Уште денес сторете го тоа и сменете нешто во начинот на вашата исхрана.

Нутриционистите по низа истражување заклучиле дека лицата кои консумираат многу свежо овошје, зеленчук, маслиново масло, оревести плодови и пченичен леб имаат многу помали шанси да имаат брчки.

За да ја спречите појавата на брчки треба да внесувате многу витамини, а од клучно значење се витамините А, Ц, Е и минералите цинк и селен.

Напиши коментар