Убавина

Храна која ќе спречи изгореници на вашето тело од сонцето

Одењето на море и седењето под сенка не е баш вистинското доживување. Затоа треба да знаеме што е тоа што може да ни помогне за подобра заштита од непријатните сончеви зраци.

Доколку кожата ви е осетлива и лесно горите треба на време да се подготвите за сончањето. Тоа значи неколку месеци пред одењето на плажа да консумираме храна богагта со антиоксиданси, особено каротеноиди, кои го намалуваат штетното влијание на УВ зраците.

Се препорачува зрнесто овошје, цреши, јагоди, како и секое овошје или зеленчук кои имаат црвена и портокалова боја. Главни антиоксиданси задолжени за здравјето на кожата се каротеноидите, витаминот C и E, флавоноиди и минералите цинк и селен.

Се разбира покрај сооветната храна која треба да ја консумирате, треба да користите и заштитна крема соодветна за вашата кожа.

Напиши коментар