Здраво тело

Храна која лечи

Храната може да излечи многу болести, и тоа на многу поефикасен и поевтин начин. Ова се неколку намирници кои ќе го подобрат вашето здравје:

Црно вино

Го намалува стресот, и ја забрзува циркулацијата на крвта. Една чаша на ден е добро за мирен сон, за добра линија и добра крвна слика.

Малини

Тие содржат антоцијан кој го поттикнува производството на инсулинот и го намалува нивото на шеќер во крвта. Тие се препорачуваат за подобар имунитет, и се одлични против дијабетесот.

Кафе

Истражувањата докажаа дека една шолја кафе дневно може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за дури 60%.

Зелен чај

Само една шолја дневно го намалува ризикот од рак на дебело црево. Антиоксидансите кои ги содржи овој чај го инхибираат растот на ќелиите на ракот.

Моркови

Заради големата количина на каротеноид морковите се храна која најмногу може да ве заштити од можниот рак на кожата.

Напиши коментар