Убавина

Храна која најмногу и штети на кожата

Кожата е огледало на нашето здравје и на негата која и ја пружаме, но исто така врз нашата кожа огромно влијание има и храната која ја јадеме. Еве кои намирници треба да ги избегнувате доколку сакате да имате убав, здрав и сјаен тен.

Бомбони: Слатките содржат многу шеќер, а шеќерот е причина за создавање на брзчи и за губење на сјајот. Шеќерот исто така го оштетува колагенот и еластинот на кожата кои се одговорни за младешкиот изглед. Ако јадете многу слатки, ризикувате вашата кожа да стане сува.

Бел леб: Конзумирањето на овој производ има навистина негативен ефект врз кожата. Секога храна со висок гликемиски индекс предизвикува акни, а неодамнешните студии покажуваат дека белиот леб и останатите бели пецива се штетни и за здравјето, па затоа треба да ги замениме со интегрално тесто кое содржи многу акнтиоксиданси кои го спречуваат стареењето.

Сол: Солта предизвикува задржување на водата и отекување, па со премногу сол вашето лице може ќе биде потечено и ќе имате сува кожа. Претераната солена храна е причина и за појавата на акни.

Алкохол: Алкохолот ги уништува клетките на кожата и предизвикува дехидрација. Затоа не е ни чудо што кога сте мамурни вашата кожа е сува и без сјај. А тоа е само една од негативните последици кои големите количини алкохол ги имаат врз нашето тело.

 

Напиши коментар