Здраво тело

Храна за подобро расположение

Има денови кога едноставно не ни е до ништо. Се чувствуваме исцрпено и без енергија уште кога ќе се разбудиме. Но, не оставајте денот да ви помине така. Направете нешто и добијте енергија за кратко време. За тоа може да ви помогне храната. Ова е таа храна која ќе ви ја врати насмевката на лицето и ќе ви го поправи расположението.

Нутела

Таа содржи многу шеќер, ќе ве расположи за миг. А друга работа е тоа што таа неверојатно нé навраќа во детството, во моментите кога бевме без грижи и проблеми. Дозволете си го вкусот кој ќе ве опушти.

Чоколада

Чоколадата е замена за љубовта, барем така велат научниците. За да се расположите не мора одма да посегнете по парче чоколада, пробајте прво со една искрена прегратка. А, доколку тоа не ви помогне уживајте во чоколадата.

Сладолед

Научниците сметаат дека потребата за сладолед е иста како и потребата за рамо за плачење. Ако немате искрен пријател кај кого може да се исплачете, купете си еден гооолем сладолед.

 

Напиши коментар