Здраво тело

Храна за подобро расположение !!!

Како што и самото име кажува тоа се некои состојки со кои се „возете “ на среќната страна од животот,

Научниците утврдиле дека луѓето кои не се толерантни на зачинета храна многу често без причина чувствуваат паѓања на расположението, отколку оние кои сакаат луто или своите оброци ги замирисуваат со разновидни „тревки“. Така, на пример, само едно мало парче од лута пиперка е доволна после сите тие несакани ефекти кои не ги сакате и поради кои всушност не јадете – солзи во очите, препотување и т.н. ги  почувствувате брановите на возбуда и радост кои ретко ги препознавате.

Колку и да се чувствувате добро додека јадете хамбургер и помфрит, вашето расположение  ќе спласне  во рок од 40 минути. За да ги избегнете вакви и слични појави, размислете во своето мени за добро расположение да ги вметнете следните прехранбени продукти.

1. БОГАТИ СО ПРОТЕИНИ

Само 150 грама пилешко испечено на скара е доволно да почне да се излачува допаминот, и вие да почнете појасно и побргу да размислувате.

2. СУСАМ И СПАНАЌ

Воопшто, храната која е богата со магнезиум е еден вид  антистрес терапија за нашиот организам. Исто така има и клучна улога во регулирањето на високиот крвен притисок.

3. ЈАГЛЕХИДРАТИ БЕЗ МАНОТИИ

Обидете се пред спиење да изедете кесичка пуканки или други грицки кои не се богати со маснотии и серотонинот ќе почне да се излачува. Ова ќе ве опушти, а посебно е добро за оние кои имаат проблем со несоница.

4. РИБА

Магазинот (Men’s health) неодамна ги објави резултатите од истражувањата на финските научници кои тврдат дека луѓето кои често јадат риба, имаат дури 31 отсто помалку можност да почнат да патат од  депресија.

5. И не заборавајте ги  – АНТИОКСИДАНТИТЕ!

На вашиот мозок многу му е потребно  кислород за да функционира подобро. Задолжително  во организмот внесувајте овошје и зеленчук  ако сакате со своите мозочни функции да бидете што подолго во хармонични и пријателски односи. Антиоксидансите ги редуцираат слободните радикали кои ја трошат вашата меморија

Напиши коментар