Здраво тело

Храна за здрави очи

Очите се важен дел од телото и заслужуваат подеднаков третман како и срцето, мозокот и другите витални органи. Одредена храна може да ви помогне да го зачувате здравјето на очите, погледенте кои се тие намирници:

Морков

Овој крцкав зеленчук со портокалова боја содржи многу бета-каротен, кој е многу важен за очите, бидејќи го намалува ризикот да се развие макуларна дегенерација и катаракта.

Бадеми

Бадемите и останатите оревести плодови содржат голема количина на витамин Е, кој е антиоксиданс и е многу важен за вашите очи. Овој витамин е анти-канцероген и помага во спречувањето на појавата на катаракта.

Спанаќ

Овој лиснат зеленчук има висока концентрација на лутеин и зеаксантин. Тоа се здрави антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак и ризикот од настанување на макуларна дегенерација.

Боровница

Со внесување на оваа храна, вие внесувате и моќен флавоноид. Тој помага на очите да се прилагодат на светло и темно, а исто така го зголемуваат протокот на крв во вашите очи.

Брокула

Како и спанаќот, брокулата содржи лутеин и зеаксантин, а исто така и голема количина на витамин Ц. Сите тие состојки се добри за здравјето на вашите очи.

Напиши коментар