Убавина

Хранлива маска од брусница и грозје

Ладните денови оставаат трага на нашето лице. Затоа почастете ја кожата со една богато хранлива мска која е богата со витамините А и Ц. Овие витамини ќе ви помогнат да ја вратите во живот кожата, да и дадете еластичност и свежина.

Една мала шолја свежи брусници, една мала шолја грозје без семки, една лажица сок од грејпфрут и една кесичка желатин без вкус. Измешајте ги сите состојки така што ќе добиете хомогена смеса. Оставете ја смесата поклопена во еден сад да отстои 45 минути во фрижидер, за да се згусне.

Потоа извадете ја од фрижидер и оставете ја на собна температура 10 минути. Намачкајте ја кожата на лицето, вратот, деколтето со тенок слој. Оставете нека делува 15 минути, а потоа измијте се со млака вода.

Напиши коментар