Убавина

Хранлива маска од кокос и какао

Веќе не е потребно да трошиме многу пари за скапа козметика, зошто истиот ефект дури и подобар ќе го добиеме од домашната козметика приготвена од природни и органски компоненти.

Оваа маска припаѓа на онаа група процедури кои се употребуваат пред се за длабинско чистење на кожата и порите, освен тоа ја храни и хидратира кожата. Помага кожата да се ослободи полесно од мртвите клетки и излишниот себум.

Маската се приготвува брзо и едноставно. Измешајте една белка од јајце, една лажица какао, една чаена лажичка мед и една лажица кокосово масло. Мешајте се додека смесата добро не се изедначи. После тоа се нанесува на лицето, вратот и деколтето. Оставете маската да делува 30 минути, после што лицето се мие со млака вода. Процедурата се препорачува да се прави еднаш седмично, во продолжение на неколку месеци.

Напиши коментар