Убавина

Хранливи маски за суви раце

Зимата и студеното време ја сушат кожата на рацете. За да ја вратите влажноста на кожата во зимски услови, направете едноставни маски за кои ви се потребни „домашни“ состојки, односно мед, масло за јадење, лимон, жолчки, бадеми и други состојки.

Маска број 1: 25 грама мелени бадеми, 1 лажица мед, 2 лажици сончогледово масло, лажица лимонов сок.

Маска број 2: лажичка глицерин, две лажички маслиново масло, сок од 1 лимон, 1 жолчка.

Маска број 3: 1 сварен компир и малку млеко.

Сите маски се користат исто. Помешајте ги состојките и со добиената смеса истријте ги рацете. Држете ја маската на рацете околу 10тина минути, а потоа исплакнете ги рацете и нанесете хидратантна крема.

Напиши коментар