Убавина

Хроно диета – јадете под саат и ослабете без мака

Почитувајте го природниот ритам на организмот и ослабете.

Ова се термините кога треба да го имате својот оброк:

–      појадок: од 8 до 10 часот

–      ужина: од 9:30 до 10:30 часот

–      ручек: од 12:30 до 14:30 часот

–      ужина: од 16 до 17:30 часот

–      вечера: од 19 до 21 часот

Ова е менито за седум дневен режим на исхара. Појадокот е ист секој ден: чај или кафе, мусли со млеко или јогурт. Или пак 2-3 бисквити. Ужината е било какво овошје.

Прв ден

Ручек: варени тестенини прелиени со сос од домати, зелена салата зачинета со лимонов сок. За вечера риба на скара и зелена салата

Втор ден

За ручек рижото со кромид и изрендано сирење, варена блитва со лимонов сок. За вечера кајгана од две јајца со босилок.

Трет ден

За ручек крем супа од зеленчук. За вечера морски плодови зачинети со лимонов сок или пак риба на скара исто така со лимонов сок.

Четврти ден

Шпагети со прелив од доматен сок, салата од домати или печена пиперка. За вечера варено телешко месо прелиено со лимонов сок, бибер и соја сос и самата од свежа зелка.

Петти ден

За ручек крем супа од зеленчук со зелена салата. За вечера гулаш со телешко месо и тиквици зготвено на пареа.

Шести ден

За ручек варен грашок со било кој друг зрнес зеленчук. За вечера бело пилешко месо, модар патлиџан или тиквици на скара.

Седми ден

За ручек варени тестенини, пропржени со тиквички, домат и модар патлиџан, зачинето со босилок и лук. За вечера морска риба печена или на скара со мешана салата.

Напиши коментар