Свадбена церемонија беше закажана за во август, а е планирано да се одржи во Франција. Но, по се изгледа дека свадбата ќе се одложи и тоа само заради големите несогласувања на Џоли со свекрвата.
Наводно, мајката на Бред Пит не се согласува со начинот на кој Џоли ги воспитува децата. Таа мисли дека Џоли е премногу либерална, а особено што го одобрува и бракот на лица од ист пол.
Со ова се сложува и таткото на Џоли, актерот Џон Војт.
