Моделот на „Victoria’s Secret“ Candice Swanepoel за британското списание „GQ“ признава дека уште како дете, додека растела во Јужна Африка, се чувствувала како да не припаѓа таму.
– Една година пред да ме одберат, постојано гледав „Fashion TV“. На училиште ме зезаа бидејќи бев многу слаба и чудно изгледав. Но, девојките на телевизија личеа на мене. Постојано ѝ велев на мајка ми: „Мамо, девојчињата на училиште ме зезаат, но јас изгледам како тие девојки на телевизија.“
Candice признава дека да се биде на насловната страна на најпознатите светски списанија е најслатката одмазда. Овој пат се работи за насловната страна на мајското издание на списанието „GQ“, а внатре може да се пронајде и целиот едиторијал со слики и интервјуто.
– Одмаздата е добра… знам дека звучам ужасно, но добро е да им се покаже на некои луѓе до каде стигнав со мојата напорна работа. Имав доволно самодоверба и тоа ме донесе тука, на врв на манекенството.
Еве и дел од сликите во едиторијалот:







