← НАЗАД НА БОЗА

Како децата манипулираат со возрасните?

Како децата манипулираат со возрасните?
1564 Читања

Дали скокате секогаш кога вашето дете ќе заплаче? Можеби не би требало- и децата глумат, и тоа многу добро.

Дури и бебињата знаат како да манипулираат со своите родители, баби, дедовци… Не плачат само кога се глдни или нешто ги боли, туку бараат внимание, забава…

Подоцна децата почнуваат да плачат кога бараат нешто да им се купи, да изедат чоколадо пред ручек или да останат будни уште малку пред ТВ екраните.

Не знаеме што сакало ова бебе, но родителите реагирале на вистински начин.

Најголем брoј родители знаат кога нивното бебе глуми, но малку се тие кои имаат доволно тврдо срце да го игнорираат плачењето без причина.

Ставот дека децата кои пораснале без доволно родителска љубов, подоцна стануваат личности без самодоверба, неспособни да сакаат други, води до тоа некои родители да поистоветуваат  љубов и воспитување.

Тие сакаат да му покажат не детето во секој момент колку го сакаат, не дозволуваат нивното дете заради било што да се чувствува непријатно. Така престануваат да го прават она што е најдобро за воспитувањето на детето: да ги одбиваат нереалните желби на детето, да го навикнуваат детето да прави работи што не му се баш по мерак, не се неопходни и да го казнуваат детето кога ќе заслужи.

На децата им е потребна љубов но и дисциплина, за подоцна во животот да не бидат незадоволни, депресивни луѓе кои мислат дека светот се врти околу нив.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk