Филипс ја имаат една од најубавите жени на планетава позади својата рекламна кампања. Во понеделникот, Alessandra Ambrosio и нејзиното пораснато стомаче ја започнале промотивната турнеја во Мадрид. Облечена во свежи бои и високи потпетици, манекенката напишала на својот Твитер:
– Прв ден од европската турнеја со Филипс: Мадрид, Шпанија!!! Здраво на сите!!! Бакнежи!!!
Нема кој не го обожава етузијазмот на Alessandra, а особено нејзината блескава насмевка. Трудното стомаче ѝ е дефинитивно одличен додаток на убавината која ја поседува, и од внатре и од надвор.
Што мислите вие за нејзиниот Мадрид изглед?

