Деми Мур пишува книга за бракот со Ештон Качер, а хонорарот за книгата изнесува два милиони долари.
Имено, актерката потпишала договор со издавачката куќа „Харпер Колинс“ за да напише книга во која ќе ги открие сите тајни од 6-годишниот брак со младниот актер Ештон Качер.
Хонорарот кој Деми ќе го добие кога книгата ќе биде готова изнесува два милиони долари.
– Книгата за шесте години турбулентен брак со Ештон ќе стане вистински хит, во тоа сме сигурни, – соопштиле од издавачката куќа.