На насловната страна на февруарскиот број на „In Style“ може да се види како позира Дру Баримор, но таа изгледа некако… поинакво. Кој е виновникот? Се разбира, најкористената алатка на сите списанија – Фотошоп.
Не зборуваме тука за косата и за шминката, како и за одличниот фустан на „Макс Мара“, туку што се случило со колковите и половината на Дру Баримор, која е дефинитивно позната по нив. Како да изчезнале.
Исто така, контрастот на бојата на лицето и вратот е неверојатна. Исто како главата да е залепена на вратот, или како да лебди над телото.
Што мислите вие?