ШоуБиз

И Џастин Бибер како старлета објавува слики од кревет за да ги поздрави фановите

Она што Ким Кардашијан и некои останати девојки како неа го прават, постојано објавуваат фотографии, стана пракса и на мажите. Сега Џастин Бибер се сликаше полугол во кревет и ги објави фотографиите на Твитер.

Под оваа фотографија тој оставил коментар: Мислам дека алармот утрово ми ѕвонеше 15 пати. Зошто мора да е толку тешко станувањето? На ова му биле поставени многу прашања како на пример зошто спие сам, каде е Селена… на тие прашања тој не дал никаков одговор, само истакнал дека на овој начин сакал да им посака убав ден на своите фанови.

 

Напиши коментар