Австралискиот пејач Вутер де Бакер, 32, кој настапува како Gotye, синојќа беше погребан на социјалната мрежа на Твитер.
Некој напишал дека тој си извршил самоубиство, и тоа до детали дека убиството било извршено во 4:32 по локално време, пукајќи си во глава. По 15 минути била прогласена неговата смрт. Оваа вест се раширила на интернет како молња.
На ова Gotye на кратко напишал на својот профил: Не сум мртов!.
Ова не е прв случај некој да смисли некое вакво црно мрачно сценарио кога се ѕвездите во прашање.
