ШоуБиз

И Halle Berry има проблеми со стрии :)

Ова е слика од вереничкиот прстен на Halle Berry, но она што е поинтересно за нас е сликата подолу…

На многу од нас ќе им дојде полесно кога ќе ја видат најновата фотографија на една од најубавите жени во Холивуд.

Научени сме секогаш да го гледаме во најдобро светло, совршени и прекрасни, без никаква маана на телото и лицето. Иако некои ѕвездите се имаат породено и по неколку пати, на телата сѐ им останало недопрено. Тоа, секако, не е точно, а сега имаме и доказ за ова тврдење.

Папараците ја сликале Halle Berry додека се шетала по улица, а нејзината широка блуза открила нешто невообичаено за неа. Стриите на нејзината половина покажуваат дека и познатите ѕвезди ги мачат истите проблеми што ги имаме и ние, обичните смртници.

Конечно може да престанеме да се споредуваме со нив, бидејќи и тие се далеку од совршени.

Write A Comment