Ѕвездата од филмовите за детето волшебник Хари Потер, Даниел Редклиф признал за британското списание „Heat“дека еднаш за време на снимањето на филмот отишол да снима пијан.
– Отидов на работа сеуште пијан. Можам да ви покажам неолку сцени на кои сум прилично „заминат“, а во очите ми се познава дека не сум присутен. По каратктер сум доста подложен на пороци и тоа беше проблем за мене, – изјавил тој за списанието.
Даниел потенцирал дека никогаш не пиел за време на снимањата, но дека пиел прилично многу преку ноќ, а потешкотиите доаѓале наредниот ден кога требало да го даде максимумот од себе и да се сконцентрира на сцените.
Актерот вели дека сега не пие.
– Или мора да смениш нешто или да ме се предадеш на тој срам! – биле неговите завршни зборови.