ШоуБиз

И Кејт Мос не е тоа што беше :)

Нејзините роденденски прослави се за паметење. Но, овој пат, изгледа дека Кејт Мос, која е позната по бесни и разуздани роденденски журки, решила малку да се смири и на поинаков начин да си го прослави 38-тиот роденден.

Мос била излезена во еден кинески ресторан само со својот сопруг Џејми Хинс и со својата блиска пријателка, дизајнерката Стела МекКартни.

Дури била и облечена на пристоен начин, што беше вистинска реткост да се забележи на неа во последно време.

Можеби ѝ дошло преку глава од бројните пијанчења, журки и непреспиени ноќи, па решила малку време да си посвети на себе и на својот сопруг.

Напиши коментар