ШоуБиз

И Кејти Холмс некогаш нема време да се спреми :)

Вистина дека е поубавата половина на еден од најатрактивните парови во светот, но дури и Кејти Холмс не може секогаш да биде тит топ спремна. И на неа некогаш ѝ се брза и за жал нема време да си ја исуши косата.

Кејти е забележана вчера како излегува од својот стан во Њујорк, со мокра коса и со розев градник кој бил премногу очигледен под прозирното црно кошулче.

Не дека нема пари да си најми некој кој ќе се погрижи за нејзиниот изглед секое утро, но сепак, Холмс решила да ги остави кадриците природно да се исушат. Цело време додека одела, се трудела да го задржи погледот в земја, со цел да не ја забележат папараците. Дури и кога влегла во „Старбакс“ да си купи кафе.

Напиши коментар