ШоуБиз

И ќелава не е лоша :)

R&B пејачката Melanie Fiona покажа дека една жена може да биде подеднакво секси и привлечна дури и кога е потполно ќелава.

Нема мнгу девојки кои би се одрекле од практично еден од најважните симболи на женската убавина – косата и фризурата. Сите жени на својата коса ѝ посветуваат огромно внимание, а особено познатите ѕвезди. Тие не се појавуваат никаде без совршено направенa фризура на која трошат илјадници евра.

Melanie Fiona во четвртокот била една од ѕвездите на вечерта кога се доделувале музичките награди „Escape to Total“. Со својот нов имиџ покажала дека знае како женски да се носи со новата фризура, односно нефризура. Таа настапила со подеднакво ќелавиот колега Cee Lo Green, а нивниот настап предизвикал бројни овации.

Напиши коментар