Убавина

И кожата има свој ритам – Следи го !!!

Во утринските часови на кожата и е потребно нежно, темелно чистење, порите стануваат видливи околу 13 часот, а околу 15 часот лојните жлезди засилено работат, така што тоа е идеално време за освежувањр на шминката. Навечер, кожата почнува да се обновува и се препорачува ставање маска од глина, со што ќе се отстранат мртвите клетки.

Нашата кожа има свој ритам- на секои 28 дена сите клетки на нејзината површина потполно се обновуваат. Кожата различно функционира во текот на денот и ноќта. Преку ден, кожата штити од надворешни влијанија, а преку ноќ е насочена кон регенерација.

Што и треба на кожата во утринските часови?

Рано наутро, па до 9 часот претпладне виткањето на клетките на кожата е минимално. Снабдувањето на кожата со кислород и хранливи материи се на најниско ниво. Во кожата се наоѓаат токсини кои кожата ги лачи во текот на ноќта. Затоа во утринските часови треба нежно чистење. Важно е производите за чистење да не содржат сапун и натриум сулфат.

Водата со која се мие лицето, исто така не смее да биде врела и не треба да се користи во големи количини. После чистењето, важна е оптималната нега на кожата ( шминка која нема да смета на извршувањето на природните функции и дишењето на кожата). Телото во овој период е насочено кон размената на кислород  меѓу срцето и мускулите. Со тоа, овој период од денот е идеален за физички активности.

Најубаво изгледаме во 10 часот

Во 10 часот наутро, телесната температура го достигнува својот максимум и кожата најубаво изгледа- идеално време за фотосесии. Околу 11 часот лојните жлезди ја зголемуваат својата активност и кожата станува посјајна. Ако во текот на утрото се нанесува шминка, добро би било вишокот себум да се отрстрани со книжни марамчиња и повторно да се нанесе пудра во прав или камена пудра.

Се препорачуваат пудри кои содржат минерални пигменти наместо синтетички бои кои се канцерогени и ја нарушуваат природната функција на кожата.

Околу попладне, кожата сеуште не е спремна за делба на клетките, затоа што оптималната заштита сеуште е важна и кожата треба да се заштити од надворешните влијанија. Кремот без синтетички бои, мириси и конзерванси, кој содржи екстракти од лековити билки, билни бази и етерични масла, е најдобар извор, советуваат професионалците.

Напиши коментар