ШоуБиз

И Messi го умреа на Твитер :)

Хакери објавиле на интернет дека аргентинскиот фудбалер Lionel Messi умрел од срцев удар додека бил на тренинг.

–          Објавуваме тажна вест: Lionel Messi умре од срцев удар за време на тренингот, – пишувало само на неколку секунди на Твитер профилот на јужноамериканското издание на „Fox News“.

Тоа било сосема доволно за да се дигне врева на целата интернет заедница. Фудбалерот на Барселона, кој секако е здрав и жив, моментално се наоѓа во Аргентина каде се подготвува за натпреварот со Еквадор во склоп на кфалификациите за следното Светско првенство.

На сајтот подоцна обајвиле дека лошата вест била само хакерска шега.

Напиши коментар