ШоуБиз

И многу возбуда не е на арно :)

Иако францускиот актер Жан Дујардин бил тој што освоил награда на овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“ за улогата во филмот „Уметникот“, неговата жена, која исто така е актерка, привлекла далеку повеќе внимание.

Имено, по прогласувањето на наградата, одлично расположената Александра не можела да ја сокрие воодушевеноста, па му скокнала во прегратка на сопругот и сочно го бакнала. Но, токму во тој момент, нејзниот свечен фустан откажал послушност.

Кога Александра ги подигнала рацете, фустанот ѝ се слизнал надолу и нејзината брдавица се појавила на виделина. Еден умешен сеирџија успеал да го фати моментот и веднаш ја поставил фотката на Твитер, по што таа веднаш се раширила низ сите веб страни.

Напиши коментар