ШоуБиз

И на Enrique Iglesias не му е лесно со Kate Moss :)

За време на изминатиот викенд Kate Moss била на роденденската забава на Sir Phillip Green во Мексико, а на истата забава пеел Enrique Iglesias. Додека тој ја пеел познатата „Hero“ одлучил да ја искаже својата наклонетост кон манекенката, а таа кратко му возвратила:

–          Дај мавни се од мене!

Enrique не се предал ни по овој коментар и додал:

–          Kate Moss, кога бев дете бев многу заљубен во тебе. Си имав и твој постер на ѕидот.

Манекенката не го сметала овој чекор за шармантен, па почнала да го гаѓа пејачот со грицки и се обидела да го полие со вода.

–          Не можеше да сфати колку е кутриот смешен, а Kate не можеше да престане да му се смее. Луѓето околу неа вчудоневидено ја гледаа и не можеа да си поверуваат дека по пејачот гаѓа со сѐ што ќе ѝ дојде до рака, – изјавил еден од присутните гости.

Напиши коментар