ШоуБиз

И на Kim може да ѝ се расцепи патентот :)

Ништо не може да издржи пред сексапилот на Kim Kardashian, па дури ни овој класичен, кожен фустан кој таа го носела во Лос Анџелес заврчера.

31-годишната старлета на својот Твитер профил објавила слика на која се гледа како ѝ се расцепил црниот фустан кај патентот кој се простира преку целиот нејзин грб. Под фотката таа бара помош или евентуално некој да ја зашие. Случката настанала неколку минути пред Kim да излезе на сцена, но за среќа нејзините асистенти брзо се справиле со настанатата ситуација.

Додека бил настанот, никој не ја забележал оваа мала незгода и доколку Kim не ја објавела фотката на Твитер, можеби никој немаше ни да знае дека дури и на неа може да ѝ се случи ваква катастрофа.

Напиши коментар