Убавина

И на кожата и треба кафе

Секое утро се будам со помислата дека ме чека топло вкусно кафе… Тоа ме буди, ми дава енергија. И самата миризба ме прави да се чувствувам убаво и релаксирано. Дали некогаш сте помислиле дека и на кожата и треба кафе?

Ова е еден интересен начин да ја разбудите кожата, да го симнете мртвиот слој клетки, да ја нахраните кожата со витамини.

Потребни ви се три лажици ситно мелено кафе и млеко, доволна количина колку да се направи смесата како паста. Нанесете од пастата на лицето и оставете нека делува. Потоа масирајте ја кожата околу десетина минути, на тој начин ќе направите благ пилинг на кожата. Потоа измијте се со млака вода и ставете крема за лице.

Напиши коментар