Нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит сепак нема да се жени, но затоа Џенифер ќе се мажи. Анистон(43) и Теру (41) се вериле во петокот, за време на прославата на неговиот роденден.
‘Џастин имаше неверојатен роденден, бидејќи од својата девојка Џенифер го доби најубавиот подарок – го прифати неговиот прстен и понуда за брак’, соопштила неговата ПР служба.
Двојката се запознаа на снимањето на “Wanderlust” на почеткот на минатата година и во врска се повеќе од една година.
‘ Се чувствувам многу благословено и среќно во оваа врска’, изјавила неодамна Џенифер во едно интервју, иако инаку не зборува за приватниот живот.
Актерката пет години беше во брак со Бред Пит, кој наводно ја оставил поради Анџелина Џоли со кој подоцна доби шест деца.
