ШоуБиз

И официјално – Сил и Хајди Клум се разведуваат!

Најпрво се појавија шпекулации дека Хајди Клум и Сил се разведуваат, но сега, сето тоа е и официјално потврдено. И двајцата изјавиле дека одлукате е заедничка и дека решиле секој да си продолжи по својот пат во животот.

–          Бевме заедно седум прекрасни години исполнети со љубов и лојалност, но по долго пребарување низ нашите души, решивме дека е време да се разделиме. Многу се почитуваме еден со друг, и понатаму се сакаме, но патиштата ни се разделија, – вели двојката.

–          Овој процес на раделба ќе го направиме на најпријателски можен начин. Најважна ни е благосостојбата на нашите деца и ќе се погрижиме тие најлесно да поминат низ овој период на транзиција. Им се заблагодаруваме на нашите пријатели, роднини и фанови за нивната поддршка. И за доброто на нашите деца, го цениме фактот што вие ја почитувате нашата приватност, – биле зборовите со кои Хајди и Сил ја завршиле официјалната изјава.

Напиши коментар