ШоуБиз

И Pippa Middleton знае да скија :)

Во неделата, Pippa Middleton била учесник на еден скијачки настан во Шведска. 28-годишната Pippa му се придружила на својот брат James и на уште 15.000 други натпреварувачи во трката која била долга цели 56 милји.

На крај Pippa завршила како 412-та по ред и целиот пат го изминала за 7 часа и 13 минути. Нејзиниот брат бил за половина час побрз.

По трката, таа изјавила дека маратонот бил прилично напорен и дека за оваа трка вежбала само неколку викенди претходно.

–          Беше многу побрзо отколку што очекував, но сепак, беше фантастично и како за прв пат бев одлична. Сега малку ќе се одморам со четирите во вис! – го завршила разговорот.

Парите кои би ги освоила на маратонот, требало да одат во хуманитарни цели.

Напиши коментар