Здраво тело

И пивото е лековито

Пивото е богато со витамини Б1, Б2, Б5, Б6, ПП, минералите калиум, натриум, фосфат, бакар, железо, манган, цинк…

Со пивото може да решите неколку здравствени проблеми, како што се:

Против опаѓање на косата

Смелете ја лушпата на лукот и зимешајте ја со една чаша пиво. Оставете ја да отстои половина час и процедете. Измасирајте го убаво коренот на косата. Ова исто така ќе го спречи и првутот.

Болести на црниот дроб

Измешајте половина литро млеко со 1 литро пиво. Пијте по една чаша од мешавината три пати во денот пред јадење.

Против кашлање

Измешајте едно шишенце пиво со една лажица шеќер. Загрејте ја мешавината и пијте додека е топло.

Против настинка

Загрејте една чаша пиво со 1 лажица мед, испијте додека е топло и легнете. Ова е одлично средство против настинка.

Против брчки

Изматете една белка со една лажица лајт пиво. Намачкајте го лицето и вратот и оставете нека делува 20 минути, а потоа измијте се.

 

Напиши коментар