ШоуБиз

И познатите имаат проблем со техниката

Постојат луѓе кои едноставно пружаат отопр на развојот на техниката, едноставно не сакаат да научат. Тоа е сосем нормална појава и кај познатите. Еве кој од нив не знае и не сака да научи да работи со модерните технички помагала:

Кристофер Нолан – тој е познат режисер кој зад себе има оставено голем број на добри филмови, но човекот едноставно не ја сака модерната техника. Не сака да користи мобилен телефон, затоа и го нема, а ист отпор пружа и кон компјутерите.

Вуди Ален – никогаш нема пратено меил и никогаш нема добиено меил. Тој едноставно не го користи  интернетот за таа намена.

Пол Макартни – никогаш не пратил меил, не знае и не сака да научи. Тој сеуште праќа писма, смета дека тоа е стар, но добар начин на комуникација.

Винона Рајдер – не користи интернет, па затоа дома нема компјутер.

Бред Пит – никогаш не си го искуцал своето име на Google , не знае ништо во врска со интернет и компјутери. Тој изјавил: не знам да работам на компјутер, не сакам ни да знам. Сметам дека тоа е работа за стекнување на публицитет, а мене тоа не ме интересира.

Еминем – се плаши да седне на компјутер. Смета дека тоа е голема зараза и опседнатост. Ќе треба да седнам и цел ден да си читам коментари за мене, тоа ми е параноично.

Напиши коментар