ШоуБиз

И познатите имале маки :)

Некои од познатите ѕвезди се подготвени на сѐ со цел да не убедат дека и тие се како цел нормален свет.

Латино ѕвездата и една од најубавите актерки во Холивуд, Salma Hayek открива дека на почетокот на својата кариера изгледала потполно поинаку отколку сега. Кога имала 25 години и се обидувала да започне да ја гради кариерата, била дебела и имала голем проблем со акни на лицето.

–          Мојата ситуација со акните беше толку лоша што западнав во депресија. Не можев да излезам од дома. Следен стадиум од депресијата беше премногу храна, – изјавила актерката.

–          Бев дебела и уништена. Не можев ни кирија да си платам, – додава таа.

На прашањето во врска со модерната медицина, Salma има јасен став:

–          Бев во искушение да пробам ботокс, но успеав да се оттргнам.

Write A Comment