ШоуБиз

И Рики Мартин е секси и си знае :)

Сите го знаеме Рики Мартин како одличен танчер, особено откако ни покажа неколку заводливи движења во видеото за неговиот деби сингл „She Bangs“.

Овој пат, Рики решил да ни ги покаже своите латино корени играјќи на песната која е дефинитивен хит во изминатиов период и нема кој не ја преработил „I Am Sexy and I Know It“ на групата LMFAO. Всушност се работи за епизода на серијата „Glee“ каде Рики се појавува во една сцена од епизодата „Професорката по шпански“.

Во филмот глумат и Гвинет Палтроу и Леа Мишел, која на Твитер напишала дека соработката со Рики е неверојатно забавна и времето со него буквално лета.

За Рики, овој проект е еден од омилените во неговата кариера.

Погледнете како игра:

http://www.youtube.com/watch?v=JcCtyMSuyHk&feature=player_embedded

Напиши коментар