ШоуБиз

И Селма Хајек гласа за млекце :)

Селма Хајек се појавува на реклама за млеко и на сликата има мустаќи од млеко. Со неа на рекламата има и едно девојче кое од прилика е на истата возраст со ќерката на актерката.

–          Моите денови се супер брзи и секогаш хаотични. Морам да сработам милион работи во исто време, но не би ни сонувала да го пропуштам појадокот, – се зборовите на Хајек. „Според мене, најважно е да го започнете денот со здрав појадок во кој има и млеко. Тоа е дел од денот кој можам да го споделам со семејството и мило ми е што и мојата ќерка го започнува денот на здрав начин“.

Селма ќе се појави во три печатени реклами и два телевизиски видео спотови. Рекламите ќе бидат емитувани од денес, а се на англиски и на шпански јазик.

–          Најчесто појадуваме житарки со млеко или правиме специјалитети со овошје и млеко. Сѐ додека ќерка ми пие по една чаша млеко, сигурна сум дека го добива потребното количество калциум, протеини и други хранливи состојки.

Напиши коментар