ШоуБиз

И Скарлет си има проблем, премногу е секси за да добие улога

Холивудската актерка Скарлет Јохансон се пожали со еден невообичаен проблем. Таа смета дека е премногу секси, а тоа и претставува проблем при добивањето на главната улога. Со тоа се согласува нејзиниот менаџер Дејвид Финчер.

Таа е бесна поради тоа. Бесна сум затоа што знам дека имам неверојатна моќ на трансформација, и има моменти кога навистина не сум секси, изјавила Скарлет.

Режисерот на филмот “Жените кои ги мразат мажите”, конечно дал образложение зошто Скарлет не ја добила главната улога: Таа е неверојатна, аудицијата беше совршена, но кога ќе ја видите Скарлет не може да дочекате да се соблече гола, а некои улоги не се такви, изјавил режисерот.

Скарлет за себе вели дека води нормален живот, дека си дозволува да остане до подоцна, да се напие неколку чаши вино, си дозволува да изеде и парче торта…

Напиши коментар