ШоуБиз

И Тони Паркер повреден заради Ријана!

Пет луѓе завршија во болница по голем инцидент кој избил во еден ноќен клуб во Њујорк. Меѓу повреденети се Крис Браун, неговиот пријател Тони Паркер, телохранителот на Браун и уште две девојки.

Причината за инцидентот била Ријана!

Имено, Крис Браун, поранешното момче на Ријана, испратил шише шампањ на сепарето каде седел Дрејк со своето друштво. Но, наместо благодарам, Дрејк му порачал на Браун: Сега јас ја еб… твојата љубов”.

На тоа Крис збеснал и започнала тепачката. Настрадале многу луѓе, а пет од нив завршиле во болница. Еден од повредените е поранешниот маж на Ева Лонгориа, Тони Паркер. Тој имал повреди на окото при шо сега морал да мирува седум дена.

Од полицијата изјавиле дека за виновник во целата ситуација го сметаат Дрејк, па се очекува тој да биде уапсен на вечерашниот концерт.

Write A Comment