ШоуБиз

И Tyra Banks против анорексичните модели!

Беше на самиот врв во светот на модата, а нејзиното тело беше идеал за женската убавина. Но, како што стојат работите денес, тешко дека би можела да успее во тоа.

Tyra Banks, некогашен модел, а сега дел од жирито кое ги бира идните модели, решила да им се обрати на сите девојки кои мислат дека успехот лежи во гладувањето.

–          Да почнев да се занимавам со манекенство како 17-годишна девојка во 2012 година, никогаш не би можела да успеам. Би ме прогласиле за предебела. Во моето време просечниот конфекциски број беше 4 или 6. Денес сите очекуваат да сте величина нула. Кога јас почнав да работам, таа големина не постоеше, – открива Banks.

Таа додава и дека со гладувањето може само да му се наштети на здравјето и да се оди чекор наназад, а не напред.

Напиши коментар