Убавина

И вашата кожа знае кога сте заљубени!!!

Кога се срамиме, што е нормално кога „ќе не погоди Аморовата стрела“, нашето тело го ослободува хормонот адреналин, истиот хормон кој се ослободува кога ќе се најдеме во некоја опасна или возбудлива ситуација.

Адреналинот предизвикува ширење на крвните садови и овозможува поголем проток на крв од вообичаено. Затоа и „црвенееме“ кога се срамиме, бидејќи вените на нашето лице се шират.

Затоа, на љубовните состаноци е тешко да се контролира адреналинот и телесната температура, а „црвенилото“ едноставно не може да го спречиме.

Постојат некои совети за тоа како да ја намалиме оваа појава. Некои експерти советуваат спортување пред состанок, додека пак други советуваат јадење на избалансирана органска храна која ги смирува телесните активности кои предизвикуваат да поцрвениме. Но ние велиме едноставно да се опуштите, па црвенеењето не е срамно, туку е доказ дека партнерот ви се допаѓа.

Напиши коментар