Убавина

И вие може да имате полни усни

Доколку сакате вашите усни да изгледаат пополни, сé што ви е потребјно е течната подлога, моливче за усни во боја на природната нијанса на вашите усни и проѕирен сјај.

Усните неутрализирајте ги со течна пудра за да создадете подлога за нанесувањето на моливчето. Со добро наостреното моливче почнете да ја исцртувате долната усна и почнете од центарот кон надворешните агли.

Горната усна исто така почнете да ја исцртувате од центарот и врвовите , обликувајте ги по желба, па потоа полека спуштајте ги линиите  спрема краевите и поврзете ги со линиите на  долната усна.

Надворешните агли на усние започнете да ги сенчате кон внатре така што надворешните агли да останат потемни во однос на средината на усните. Овде не морате да бидете премногу прецизни затоа што потоа потезите на моливот ќе ги ублажите со четкичка за усни.

Центарот на самите усни оставете го посветол и на него нанесете сјај. Текстурата на сјајот ќе ги направи да изгледаат визуелно поголеми.

 

Напиши коментар