Мода

И во зима можете да бидете модерни, но важно е да ви биде топло

Избегнувајте материјали, како на пример лен, чист памук и други материјали, бидејќи тие ја задржуваат влагата. Кога планирате како да се облечете зимно време, најдобро е првиот слој да ви биде термо.

Како втор слој облечете плетен џемпер или блуза. Доколку имате капут со капуљача, избегнувајте да носите џемпери и блузони кои исто така имаат капуљача. Бидејќи е студено, ви советуваме под џемперот да носите и тенка, но топла блуза или маица.

Последен слој од облеката е секако јакната или капутот. На врнежливо време избегнувајте да носите капут, односно носете водоотпорна јакна која ќе ве заштити од дождот или снегот.

Секогаш кога излегувате носете шал и капа, бидејќи во зима одеднаш може да стане многу студено. Не излегувајте и без ракавици, и тоа по можност водоотпорни.

Тоа што времето е студено не значи дека не можете да изгледате шик. Може да направите навистина интересни комбинации, особено со долгите туники, долгите џемпери и интересните зимски шалови. Изберете интересни фармерки или хеланки, а она што е најдобро од зимата е фактот дека повторно можете да си ги носите вашите омилени чизми. Иако во зима претежно се носат темни бои, тоа не значи дека не можете да направите некоја смела комбинација со некоја впечатлива боја. Еве ви неколку предлози за интересни зимски комбинации:

Напиши коментар