← НАЗАД НА БОЗА

Ice di Caffe – истовремено слатко, горко и ледено !!!

Ice di Caffe –  истовремено слатко, горко и ледено !!!
746 Читања

Овој рецепт е омилениот ледено освежителен десерт на жителите на преубавата Сицилија.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

0.5 литри сварено кафе

100 грама шеќер

Прстофат цимет

За прелив

Шлаг или шлаг крем

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Направете кафе со јачина по желба без да додавате шеќер. Откако ќе го сварите кафето оставете талогот да се симне. Течноста кафе без талог убаво измешајте ја со шеќерот за да тој се стопи. Оставете убаво да се олади и потоа ставете го пластичен сад во замрзнувач неколку часа за да се заледи.

Сладоледот послужете го со шлаг пена или крем по Ваша желба и посипете со цимет.

Уживајте во ледениот вкус !!!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk