Керозин

Iconic AC Roadster

Најпопуларниот модел од овој бренд е AC Cobra, автомобил кој постигна огромен успех. Има изрека која симболично се однесува на ова: “често имитирани, никогаш дуплирани”.

Овој двосед е со средишно поставен мотор со заден погон, кој е направен од челични рамки поврзани со карбон-фибер. Естетски префинет, тој не е ништо посебен надворешно во споредба со она што се наоѓа внатре во цевчестото тело. Изграден од ветеранот од NASCAR – Ерни Елиот од Дасонвил, Џорџија, моторот на Iconic AC Roadster е алуминиумски 7,0-литарски V-8 од SVO дивизијата на Ford со посебно дизајнирани доводи, кои се преработувани за да се постигнат 825 коњски сили, спарени со шест-брзински мануелен менувач. Додека точните бројки треба допрва да се потврдат, засега се вели дека овој класичен ѕвер забрзува од 0-100 км/ч во време под три секунди и постигнува максимална брзина над 320 км/ч.

Напиши коментар