Дали завладеа монотонија во вашиот дом? Можеби е време за мала промена. Доколку не можете да си дозволите комплетно реновирање, тогаш направете мала промена во домот. Тоа може да го сторите со нова постелнина во спалната, неколку нови саксии со цвеќе, нови перничиња во дневната или пак убав тапет во терпезаријата. Ви даваме неколку фотографии како предлози за тоа како би можеле да го промените домот.