Мојата кујна

Идеи за декорација на велигденските јајца

Доколку сте едни од оние на кои им е здосадена едната иста техника на фарбање и декорирање на велигденски јајца можеби овие идеи ќе ви се допаднат.

Се што ви е потребно е самолеплива хартија. Со неа може да направите секакви форми, од букви, животни, па се до различни геометриски форми.

Може самолепливата хартија да ја исечете на тенки ленти, па да ги лепите како што ќе ви дојде. Може да исечете кругови, во иста или различна големина.

Потребни ви се: тврдо варени јајца, боја за јајца, самолеплива хартија и ножици. Најпрво исцртајте ги формите на хартијата и исечете ги. Залепете ги на јајцето и убаво прицврстете ги со тенок материјал, обично користиме тенки хулахопки. Фарбајте ги јајцата по регуларна постапка. Одлепете ги налепниците и вашите јајца се готови.

Напиши коментар